И СТУДЕНТИТЕ СЕ КРЕВААТ - УТРЕ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ: 150 Денари за студентски оброк ја прелеа чашата

И СТУДЕНТИТЕ СЕ КРЕВААТ - УТРЕ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ: 150 Денари за студентски оброк ја прелеа чашата

Објавена во: Совети // School zone

Студентите за утре во 16.00 часот закаажа протест во ценатрот на Скопје, пред Собранието откако беше предложенода се направат измени во Законот за субвенциониран студентски оброк.

Бараат сите студенти во Македонија да бидат иземени од мерките за штедење, како и повлекување на законските измени со кои се предвидува поскапување на оброкот во студентските мензи од 120 на 150 денари. Истовремено дел од барањата е и изедначување на стипендиите со повискиот износ, изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја, подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови.

„Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард“, порачуваат од „Студентски отпор“.

Со остра реакција и Универзитетското студентско собрание при УКИМ, кои како што велат не отстапуваат од нивните барања.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: