И Војаж беше мета на булинг, потресен од смртта на јутјуберката Кика, објави: Идиотизмот навлезе во општеството

И Војаж беше мета на булинг, потресен од смртта на јутјуберката Кика, објави: Идиотизмот навлезе во општеството

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Михајло Веруовиќ Војаж потресен од смртта на младата јутјуберка Кристина Кике Ѓукиќ, апелира „да се пазиме еден од друг“, бидејќи се' околу нас станува „болно“.

По веста за смртта на Кика се објавија доста видеа од порано кога имаше „драма“ помеѓу неа и Бака Прасе односно Богдан Илиќ, кога тој објави и навредлива песна за Кика, а исто таква песна објави и за Војаж. Одовде медиумите ги поврзаа овие две случувања и Бака Прасе деновиве беше изложен на хејт, но тој се огради велејќи дека тој и Кика се смириле иако тоа никогаш не го објавил јавно, а сега од почит кон неа ги избриша и сите видеа во кој зборуваше за неа.

Медиумите сега очекуваа коментар од Војаж бидејќи сметаат дека во еден момент бил во слична ситуација со Кика, како мета на вознемирување, а тој кратко одговори дека 

 „идиотизмот се вовлекол во општеството“ и додаде:

- Би сакал да бидеме повеќе луѓе отколку што се трудиме да бидеме популарни.

Тој исто така напиша:

- Научете дека границите постојат, ме вознемирува колку општеството во кое живееме се разболува поради разни идиоти и „cancel“ културатa која се вкорени кај младите овде како тумор на општеството. Сите имаат чувства исто како нас, да се грижиме еден за друг, да се чуваме еден со друг – напиша тој и изрази сочувство до нејзиното семејство.

Војаж ќе снима филм за најболниот период од животот: Никогаш не зборуваше за тоа, а еве дали Бресквица ќе биде дел од него


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: