Иако се познати личности, завршиле факултет: Каде студирале Кол Спрауз, Меган Маркл и Бред Пит?

Иако се познати личности, завршиле факултет: Каде студирале Кол Спрауз, Меган Маркл и Бред Пит?

Објавена во: Совети // School zone

Многу позанти личности немаат завршено факултет или се запишале и не го завршиле, но има и такви кои успеале да добијат диплома...

Само затоа што се актери или пејачи не значи дека немале план Б во случај нивниот успех во забавната индустрија да не ги оправда нивните очекувања или ако некогаш одлучат да се тргнат од центарот на вниманието. Некои од нив имаат завршено факултет, а еве кои се тие.

# Лиса Кудроу

Лиса, која сите ја знаеме по улогата на Фиби во серијата „Пријатели, во приватниот живот секогаш била многу сериозна, толку што за разлика од многу други колеги актери, завршила и факултет и тоа не било каков. Дипломирала биологија на Универзитетот Васар во Њујорк.

# Натали Портман

Една од познатите личности која најмногу изненадува со својата диплома е Натали. Оваа актерка окажа дека може да понуди повеќе од убавото лице и добрата глума, па така во 2003 година дипломираше психологија на Харвард. Нејзините трудови беа објавувани два пати во научни магазин. 

# Кол Спрауз

Браќата Спрауз станаа многу популарни уште на млади години по улогите на Дизни Каналот, но тоа не ги спречи да завршат и факултет. Кол студирал археологија на Универзитетот Њујорк и во 2015 година ја земал својата диплома.

# Ту Чејнз

Најголем шок ни приредуваат познатите рапери, бидејќи никогаш не би помислиле дека имаат завршено факултет - едноставно не изгледаат како такви ликови. И поголемиот број од нив немаат, но еден од оние кои имаат диплома е Ту Чејнз. Тој студирал психологија на Универзитетот во Алабама, а дури бил и во нивниот кошаркарски тим за време на студирањето.

# Меган Маркл

Пред да стане дел од британското кралско семејство, Меган освен што се занимава со глума, одела и на факултет. Студирала на Универзитетот Нортвестерн, каде ги завршила двопредметните студии за театар и меѓународни односи.

# Ен Хатавеј

Иако променила два факултети и морала да направи пауза поради снимањата на филмот, на крајот Ен сепак успеала во својата намера да заврши факултет. Започнала на Универзитетот Васар каде студирала англиски и женски студии, а подоцна се префрлила на Универзитетот во Њујорк. Во неколку прилики дури има и изјавено дека студирањето ѝ бил еден од најубавите периоди во животот.

# Бред Пит

Бред има успешна актерска кариера и тешко дека некогаш ќе се занимава со професијата за која има завршено факултет, но во времето кога се запишувал, кариерата сѐ уште не му била толку успешна како денес. Завршил новинарство на Универзитетот Мисури. По завршувањето на студиите започнал сериозно да се занимава со актерството.

# Мадона

Мадона студирала на Универзитетот Мичиген, а смерот кој го завршила е она со што се занимава и денес - музика, театар и танц. Иако можеби не е толку импресивно како кај некои други познати личности, има со што да се пофали.

# Лудакрис

И последната позната личност на овој список, исто како и Мадона, студирала нешто што го користи во кариерата. Имено, Лудакрис студирал музички менаџмент на Универзитетот во Џорџија.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: