Идеи за фризури кои можеш да ги носиш оваа пролет: 10 кои не се тешки да се направат (ФОТО)
Фризури кои се разиграни, убави и тренди...
Во текот на зимата не можеме многу да експериментираме и да си играме со фризурата, бидејќи на крајот ќе ставиме капа на главата и или ќе ја уништиме фризурата или ќе ја сокриеме. Кога конечно потоплото време ќе тропне на врата, можеме малку повеќе да си поиграме со косата и фризурата.
Иако календарски ни пристигна пролетта, кога ќе излеземе надвор, изгледа дека малку доцни. Но, не можеме да му замериме на времето, бидејќи и сите ние во одреден момент доцните, а очигледно е дека пролетта има проблем со доцнењето. Сепак, тоа нема да не спречи да почнеме да размислуваме за пролетните комбинации и фризури.
Одвреме - навреме имаме по некој потопол ден, кога зимските јакни и топлата облека ги оставаме дома. За таквите денови живееме! Подготвувајќи се за пролетта веќе бараме и фризури кои се одличен избор за овој период од годината.
Во продолжение ти издвојуваме 10 фризури кои не се тешки за правење и кои можеш да ги носиш секој ден, а кои потсетуваат на пролет. Некои се забавни, некои се во тренд, а кои се најдоа на нашата листа, погледнете во породолжение:
# Две плетенки една над друга
# Плетенка или опавче заврзани со марама
# Лента за коса
# Панделка во коса
# Превртен качкет и мала плетенка
# Пунџа со некоја кул шнола
# „Bubble“ опавче
# „Messy“ плетенка
# Ситни локни направени со плетенки
# „Мокра“ залижана фризура
фото: Принтскрин / Инстаграм