Игнорирањето е мајка на заведувањето!
Летните горештини отсекогаш знаеле да предизвикаат некоја нова љубов или симпатија по која ќе го паметиме цело лето. И додека се мислите по жешково што да направите за конечно да и го привлечете вниманието, всушност треба само да си уживате.
Бидете свои секогаш. Вашата харизма и енергија се првите знаци кои ќе го привлечат вниманието на личноста по која копнеете.
Но, многу често луѓето не знаат како да се однесуваат во такви ситуации кога некој со директен пристап ќе им даде до знаење дека се прекрасни, па затоа тие се повлекуваат настрана, а нивната вредност им се издигнува повисоко од облаците.
И што потоа? Главата горе и напред. Но, не откажувајте се пребрзо. Оваа стара техника уште милион години ќе биде успешна. Постарите рекле: „Игнорирањето е мајка на заведувањето“ - ниту еден човек не може да го поднесе фактот кога ќе му го одземете вашето внимание кон него, што му било за сигурно резервирано.
Продолжете по својот пат и мудро чекајте. Тој што треба да е вистински, секогаш ќе се врати.