Игор Ангелов: Како средношколец „се навлеков“ на театарот!

Игор Ангелов: Како средношколец „се навлеков“ на театарот!

Оваа недела на своите тинејџерски години се потсетува актерот Игор Ангелов или Цветко, Дедо Менде и Детективот од познатата детска серија ПЕТКО 5+.

Игор зад себе има актерска кариера која изобилува со бројни улоги како во театар, така и на филм, но и голем број ТВ- проекти. Во мементов е актуелен по улогата на Коста во серијата „Преспав“. 

Игор во едно интервју се присети на своите тинејџерски денови и откри дека идол во детството му бил Бранко Коцкица.

„Во мое време гледав Бранко Коцкица, Луткомедија, а потоа и Бушава Азбука“, се потсети актерот.

Како што вели како тинејџер бил наивен, расеан, сонувач, импулсивен, бунтовен и збунет, а на театарот се навлекол како средношколец.

„Како средношколец „се навлеков“ на тератарот и немаше претстава која ја немав гледано. Се заразив со театарот и се` уште го имам тој вирус“, откри Игор


Можеби ќе ве интересира: