Игор Џамбазов ја омажи внуката Марија Прличкова: Нежна невеста во беж фустан (ФОТО)
Актерот и шоумен Игор Џамбазов на социјалните мрежи сподели дека се омажила неговата внука Марија Прличкова, а за да биде комплетна сликата фалеше единствено неговата сакана Илина.
Марија е правнука на познатиот македонски актер, Петре Прличко.
Марија и нејзиниот избраник ја овековечија љубовта на интимна церемонија за најблиските.
„Денес ја омажив внучката...
Најдесно е зетчето Емил , до него невевчето, Марија.
Плус Искра и јас, двете старосватици...
Деца, да сте среќни, вљубени, здрави и бериќетни!!!
Подарокот е од Илина Арсова , и ни фалеше многу...“ - напиша Игор на Фејсбук.
Невестата беше облечена во нежен елегантен фустан во беж нијанса.
Фото: Инстаграм/Фејсбук