Илјадници деца умираат, но таа е жртва? Селена Гомез - најследената жена во светот се повлекува од Инстаграм по коментарите за Блискиот Исток
Откако налути милиони следбеници со својата објава за израелско-палестинскиот конфликт, пејачката најави дека ќе го избрише својот Инстаграм профил.
Пејачката и актерка Селена Гомез, која на социјалната мрежа Инстаграм ја следат 430 милиони корисници, објави дека ќе го избрише својот профил по реакциите за нејзините коментари за конфликтот меѓу Израел и Палестина.
Поранешната ѕвезда на „Дизни“ вчера напиша:
- Ќе направам пауза и ќе го избришам мојот Инстаграм профил. Завршив. Не поддржувам ништо од ова што се случува.
Селена Гомез го објави ова по бурните реакции предизвикани од нејзината прва објава во врска со моменталната ситуација на Блискиот Исток.
Да потсетиме дека пејачката неодамна напиша:
- Ќе се одморам од социјалните мрежи, срцето ми се крши кога ќе го видам целиот ужас, омраза, насилство што се случува во светот. Тоа што луѓето се мачат и убиваат или дека има омраза кон која било група е ужасно. Мора да ги заштитиме сите луѓе, особено децата, и засекогаш да престанеме со насилството.
- Жал ми е што моите зборови никогаш нема да бидат доволни за секого. Не можам да поднесам да повредувам невини луѓе. Ме разболува. Посакувам да можам да го променам светот. Но, една објава нема да го направи тоа – изјави Селена Гомез.
Таа се огласи откако нејзините обожаватели уште од почетокот на овие конфликти се прашуваа како е можно најследената жена на Инстаграм да не ја искористи нејзината платформа за да ја истакне ситуацијата во Израел и Палестина, особено што таа претходно зборуваше за војната во Украина и угнетувањето на мексиканските имигранти на границата со Америка.
„Илјадници деца беа убиени на брутален начин, но жртвата е Селена Гомез“, „Не, една објава нема да го запре насилството, но може да ја подигне свеста за тоа што се случува“, „430 милиони луѓе ве следат, а вие го користите тоа да се зборува само за пудра“, „Геноцид буквално се случува, а Селена Гомез наоѓа начин да се стави во центарот на сѐ“... се дел од коментарите на мрежите.
— (@darksisterI) November 3, 2023
Главно доминираат коментарите дека пејачката секогаш успева да се направи жртва, без разлика на темата, а многумина и се шегуваат.
— (@laeswrld) October 31, 2023
Извор: glossy.espreso.co.rs