Илон Маск ќе биде првиот билионер во историјата? Но, не поради Тесла - оваа компанија е во прашање

Илон Маск ќе биде првиот билионер во историјата? Но, не поради Тесла - оваа компанија е во прашање

Објавена во: Живот // Живот

Илон Маск, најбогатиот човек на светот и сопственик на Tesla и SpaceX, би можел да стане првиот доларски билионер во историјата, пишува порталот HeavyBeast, повикувајќи се на аналитичари од инвестициската куќа Morgan Stanley.

Имено, Адам Џонас од оваа институција изјави дека „SpaceX ја оспорува секоја претстава за тоа што е можно и колку долго е можно, кога станува збор за ракети, лансирни рампи и инфраструктура за лансирање“.

- Повеќе од еден клиент ни кажа дека ако Илон Маск стане првиот милијардер, тоа нема да биде поради Тесла. Други рекоа дека SpaceX може да стане највредната компанија во светот, во која било индустрија - рече Џонас.

И додека чекаме да се оствари прогнозата за перформансите на SpaceX, богатството на Маск наскоро би можело да се искачи во вселената по неодамнешната евалуација на перформансите на Tesla. Минатиот понеделник Херц, компанија за изнајмување автомобили, нарача 100.000 Тесла до крајот на 2022 година, што и даде финансиски крила на компанијата на Маск. На Блумберг му беше кажано дека оваа зделка ќе и донесе на Тесла 4,2 милијарди долари.


Фото: ЕПА

Извор: новости

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: