Илон Маск на Твитер започна да го освојува универзумот: Ова се само некои од неговите планови
Секоја недела можеме да очекуваме ново изненадување од милијардерот Илон Маск.
Она што е во описот на неговата биографија на Твитер прво наведе дека е „технокрал на Тесла“, а сега се прогласи и за „император на Марс“.
Секако не е јасно за што точно станува збор, освен дека потполно се вклопува во неговиот имиџ - не само кога е збор за иноватор, туку и за човек кој едноставно сака да биде забележан на социјалните мрежи.
Оваа ставка на Твитер можеби е омаж на филмот „Mad Max: Fury Road“ од 2015 година во кој Шарлиз Терон ја глуми царицата Фуриоса, пренесува Futurism.com.
Во секој случај, аспирациите на Маск да го освои Марс не се тајна.
Во последните неколку години, шефот на компанијата „Спејс Х“ се фокусираше на освојување на оваа планета, поточно, тој е убеден дека животот на Марс ќе биде можен еден ден.
Тој во повеќе наврати предложуваше терформирање на Марс, спроведувајќи голема серија термонуклеарни експлозии во одредени делови на планетата.