Илон Маск уловен со 23 години помлада дама: Наташа е неговата нова девојка, а еве со што се занимава
Австралиската актерка Наташа Басет е новата девојка на Илон Маск...
Илон Маск беше уловен во друштво на 23 години помладата австралиската актерка Наташа Басет. Тие биле фотографирани во ресторан во Сент Тропе. Двојката е видена на ручек во хотелот Шевал Бланк, каде собите чинат повеќе од 1.300 долари за ноќ. Маск и Басет биле видени како заедно пијат вино, јадат помфрит и како разговараат додека келнерите „летаат“ околу нив. Двојката потоа, рака под рака, излегла од скапиот ресторан.
Тие првпат беа видени заедно во февруари, само два месеци откако Маск и Грајмс го дочекаа своето второ дете преку сурогат мајка. Басет израснала во Сиднеј, а во 2019 година се преселила во Њујорк за да посетува драмско училиште. Таа има добиено неколку улоги во телевизиски серии како „Hail! Caesar“ и го играше ликот на пејачката Бритни Спирс во филмот „Britney Ever After“.
Со глума се занимава од 14 години, кога ја добила главната улога во претставата „Ромео и Јулија“. Актерката ќе може да ја гледаме и во претстојниот биографски филм за Елвис Присли.
„На Наташа ѝ е многу важна кариерата, а иако на него не му пречи што сега се знае за нивната врска, ја поддржува нејзината желба да се прослави со својата работа, а не како девојка на Илон Маск“ - кажаа пријателите на милијардерот.
фото: Принтскрин