Им помага на децата да преминат улица: Куче скитник ги лае возачите
Жителите на Грузија го прогласија ова куче скитник за херој, откако неколку пати го снимале како им помага на децата за да ја поминат прометната улица. Кучето се вика Kupata (Колбас), а е снимен во градот Батуми.
„Тој својата работа ја сфаќа многу сериозно и тука е секој ден. Сите го сакаат и хранат“ - кажуваат Тамта и Бега, луѓето кои се грижат за него. Започнале да го снимаат пред еден месец, а сакале на сите да им покажат дека не се сите кучиња скитници опасни.
На видеата се гледа како кучето лае, за да ги предупреди автомобилите пред заедно со детето да го премине пешачкиот.
„Некогаш знае да чека и по еден час само сугурно да ги пренесе. Лојален е и внимава на децата“ - велат луѓето кои го хранат.
Кучето на симпатичен начин на сите возаци им даде лекција за сообраќајните правила.