Има 12 години и носи само брендирана облека: Нејзините родители немаат ни за тепих, но мајката има објаснување

Има 12 години и носи само брендирана облека: Нејзините родители немаат ни за тепих, но мајката има објаснување

Објавена во: Мода // Moj стил

Има само 12 години, а веќе е шопингхоличарка...

Една мајка откри дека нејзините разгалени деца добиваат што ќе посакаат, бидејќи смета дека луѓето ќе мислат дека таа е подобар родителит, доколку тие се облечени во брендирана облека.

Алан и Кели Мекен од Бексли се родители на Риз, Мекензи и Чејс и не се двоумат да потрошат едно мало богатство за своите три деца.

Децата во 2014 година се појавија во епизода од серијата „12-lear-Shopholic“, а видеото дури неодамна стана вирално.

Дарежливите родители даваат прават сѐ за да ги исполнат барањата на нивните деца. 

„Луѓето би кажале немате тепих, но вашите деца наоколу трчаат во „Лакоста“. Се мачиме со пари, немаме заштеда, живееме од денес за утре“  - објаснува Кели.

Кели вели дека своите деца почнала да ги облекува во брендирана облека што се родиле, со надеж дека луѓето ќе помислат дека е добра мајка.


„Децата ги добив млада и чувствував дека доколку ги облечам во брендирана облека, луѓето ќе мислат дека сум добра мајка. Откако се родени, сите се облекувани во брендирана облека. Сакав моите деца да изгледаат убаво“ - посочи мајката, а потоа додаде:

„Беше малку претерано, тие имаа „Барбери“ облека и јоргани Армани, имаа сѐ што е смешно. Од три деца, Чејс го разви најлуксузниот вкус. Таа вели: „Имам „Ралф, мислам дека имам и Гучи. Не го сакам Primark“.“

Татко ѝ Алан ѝ дозволува сѐ, а за својата девојка вели дека може да го врти околу малиот прст.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: