Има 130 килограми и анорексија, но никој не ѝ верува: Ова го правиш за да се пишува за тебе

Има 130 килограми и анорексија, но никој не ѝ верува: Ова го правиш за да се пишува за тебе

Објавена во: Живот // Живот

Иако е несекојдневно и невообичаено личност која има 130 килограми да има и анорексија, оваа дама потврда за дијагнозата добила и од психолог...

Тес Холидеј (36) е плус-сајз манекенка која на социјалната мрежа Инстаграм има повеќе од 2.5 милиони следбеници. Таа стана популарна поради своите облини и тежина од 130 килограми.

Тес на својот профил секојдневно објавува фотографии на кои е насмеана и на кои позира во долна облека и тесна облека, а на прв поглед делува дека во нејзиниот живот сè е во ред.

Но, дека не е сè толку сјајно и бајковито како што можеме да видиме на социјалните мрежи, докажува и нејзината објава на Инстаграм во која сподели информација за својата здравствена состојба.

Имено, Тес објави фотографија на која се наоѓа таа и новинарскиот наслов: „Бев шокирана кога дознав дека имам анорекисија“.

Како што вели, поминале нешто повеќе од една година откако ѝ е дијагностицирано ова пореметување во исхраната, па се решила своето искуство во однос со храната да го сподели во интимна исповед за магазинот „Today“.

Тес во исповедта открива дека храната станала нејзин одбрамбен механизам кога на 10 години останала без мајка.

„Вистинската количина на храна која ја внесувам, отсекогаш ја кријам од својата околина“ - кажала Тес.

„Во текот на изминатите децении имав многу фази кога си ја ускратував храната. Тоа значи дека практично воопшто не јадев или дека јадев многу малку. Минатата година ми дијагностицираа анорексија и не сакав да кажам на никој. Кога нутриционистката ми кажа дека ги покажувам сите симптоми на анорексија, ѝ одговорив: „Зарем не гледаш како изгледам?! Нема шанси да сум анорексична“.

Иако е несекојдневно и необично личност која има 130 килограми да има и анорексија, Тес за оваа дијагноза добила потврда и од психолог.

Манекенката признава дека ѝ требало многу сила и храбост да му ја признае на целиот свет својата состојба и открива дека секојдневно добива пораки во кои има само говор на омраза.

„Ме обвинуваат дека лажам и дека само сакам да привлечам внимание. Ми пишуваат „Ова го правиш само за да се пишува за тебе“. Тоа не е вистина. Вистина е дека во последно време повотнор паѓам во „канџите“ на анорексијата и дека овие денови во текот на еден ден пијам само две шолји кафе“ - искрено кажа оваа девојка.

Таа вели и дека и понатаму не сфаќа како нејзиното тело е изгладнето и неухрането, а од друга страна има вишок килограми.

„Тешко ми е што анорексијата е поврзана само со еден облик на телото, а останатите ми се исклучени. Давам сè од себе да се опоравам и се трудам секогаш во своја близина да имам храна која лесно и брзо можам да ја изедам. Редовно одам на терапија и сакам да ги охрабрам сите оние кои се наоѓаат во оваа ситуација и да им кажам да се обратат на стручно лице“ - заклучи Тес.

фото: Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: