Има 19 години и четири деца: Луѓето ја осудуваат, ѝ велат дека е несреќна, а таа има само еден одговор

Има 19 години и четири деца: Луѓето ја осудуваат, ѝ велат дека е несреќна, а таа има само еден одговор

Објавена во: Живот // Живот

Иако мислела дека засекогаш ќе биде самохрана мајка, судбината имала други планови за неа...

Мајката Клер (19) редовно споделува на социјалните мрежи фотографии и видеа на кои истакнува дека живее живот од соништата, со мажоот кој искрено и потполно ја сака и обожува.

Меѓутоа, понекогаш зборува и дека никогаш не мислела дека ќе ѝ се оствари желбата, бидјеќи на 18 години останала бремена со момчето кое ја оставило сама да се грижи за детето.

„На 18 години го имав синот Лука, а неговиот татко не напушти. Својот сегашен сопруг го запознав кога Лука имаше 3 или 4 месеци и набрзо се венчавме. Помеѓу нас двајца е голема разликата во години и затоа многумина ме мразат“ - кажа младата мајка во едно видео кое го објави на ТикТок.

Исто така откри и дека моментално е во петтиот месец од бременоста со новиот сопруг, а со тоа станала и маќеа на неговите деца од претходниот брат - па сега вкупно имаат три деца, а наскоро тој број ќе порасне.

„Имам 19 години, се средив, отплаќам кредит за автомобил, живеам во голема куќа и имам големо семејство. Го покажав својот успех и еве ме“ - вели Клер.

@mamaclaire00

Reply to @flimango_18 welcome to my page! Stay a while #fyp #introducingme #teenmom #pregnancy

Can't Break Me - YXNG K.A

Меѓутоа, многу корисници на оваа социјална мрежа тврдат дека ова не е „успех“, туку девојката си го упропастила животот.

„Малку си подранила сестро“, „Сирота деовјко, толку работи имаш пропуштено“, „Зошто се лажеш самата себе?“ - се само некои од коментарите на кои Клер наидува секојдневно.

Но, не е сѐ така црно. Постојат и луѓе кои веруваат дека оваа млада мајка е неверојатно среќна и тврдат дека таква насмевка со која таа позира не е можно да се излажира.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: