Има 22 години, а е заробена во тело на девојче од 8: Висока е само 126 сантиметри
Имала само шест месеци кога ѝ бил дијагностициран редок облик на тумор на мозокот...
Шoна Рае има 22 години, но на прв поглед би рекле дека е 8-годишно девојче, бидејќи така и изгледа. Оваа млада девојка заробена во тело на девојче сите детали за својата борба ги откри во документарните емисии „I am Shauna Rae“, која се емитува на TLC.
Шона престанала да расне како последица на туморот на мозокот кој ѝ е откриен кога била бебе. Таа е висока само 116 сантиметри, што е просечна висина на 8-годишно девојче, поради што сите мислат дека таа е дете.
„Кога ќе ме погледнете, ќе помислите дека сум само обично девојче, дека го правам она што девојчиња го прават вообичаено со своето забавно семејство“ - вели Шона.
„Но, вистината е дека не сум деовјче. Јас сум жена, 22-годишна жена заглавена во тело на 8-годишно дете“ - додава.
Таа имала само шест месеци кога ѝ бил дијагностициран редок облик на тумор на мозокот, поради што морала да оди на хемотерапии. Тоа оставило последици на нејзиниот раст, а во емисиите Шон ги прокажува своите обиди да влезе во бар, да се тетовира, да вежба во теретана. На секој чекор луѓето мислат дека е дете.
Тоа што изгледа како дете ѝ го отежнува пронаоѓањето на партнер, па така е спречена во пронаоѓање на оној вистинскиот.
„Сама сум. Привлекувам само чудни мажи, кретени и идиоти. Страшно е да се оди на состаноци, но мораш да ризикуваш за да ја пронајдеш среќата.“
Мајката на Шона вели дека ѝ е многу тешко кога гледа како нејзината ќерка го доживува сето тоа.
„Чувствувам, па претпоставувам, што е вината што мора да поминува низ ова до крајот на животот. Правам се што можам за да ја заштитам“ - вели таа.
Од друга страна, Шона смета дека родителите премногу ја заштитуваат и сака да биде независна.
„Одлучив ова да биде моја година“ - вели таа.