Има 25 години и доживеала состојба слична на мозочен удар: Новата вест за здравствениот проблем на Хејли Бибер го загрижи светот
Откако манекенката Хејли Бибер беше хоспитализирана, се огласи и сподели детали од својата здравствена состојба...
Манекенката Хејли Бибер беше хоспитализирана и ѝ беше укажана итна медицинска помош. Како што наведуваа странските медиуми, таа имала проблеми кои, по својата природа, се карактеристични за повозрасни личности, а не за младо во 20-тите години.
25-годишната менекенка ги потврди пишувањата на медиумите, па откри дека доживеала симптоми слични на мозочен удар. Како што напиша на Инстаграм, овие симптоми се резултат на мало згрутчување на крвта во нејзиниот мозок.
„Во четвртокот наутро појадував со својот сопруг (Џастин Бибер), кога почнав да чувствувам симптоми слични на мозочен удар и бев однесена во болница“ - започна Хејли и додаде:
„Ми најдоа мало згрутчување на крв кај мојот мозок, кој го предизвика недостатокот на кислород, но моето тело тоа го победи на свој начин и во следните неколку часа потполно се опоравив. Иако ова беше еден од најстрашните моменти кои некогаш ги имам доживеано, сега сум дома и добро ми е. Благодарна сум им на сите доктори и сестри кои се грижеа за мене. Ви благодарам на сите за убавите желби, за грижата, поддршката и љубовта“.
Инаку, овој здравствен проблем следувал неколку недели откако Џастин откри дека е позитивен на коронавирусот, што ги иницирал докторите да помислат дека тоа е причината за нејзината состојба.
фото: Принтскрин / Инстаграм