Има повеќе време за себе, Џастин и ТикТок: Како се забавува Хајли Бибер во изолација?
Строгите наредби за социјална изолација, воведени поради коронавирусот, не ги одминаа ниту светските ѕвезди, а како во сето тоа се снајде Хајли Бибер време е дознаеш...
Како што пишува Cosmopolitan, изгледа дека Хајли Бибер всушност ужива во секој момент кој го поминува со сопругот Џастин Бибер во социјална изолација и воопшто не е тешко тоа.
Во своите обраќања преку Инстаграм live, сподели дека никогаш не се чувствувала подобро и поисполнето од сега. Исто така, признава дека во почекот имала потешкотии, бидејќи мислела дека нема добро да се чувствува додека е заклучена дома, но како времето поминувало, ги увидела сите позитивни страна на ваквиот начин на живот.
Додава дека сега има многу повеќе време, како за себе, така и за Џастин. Нивниот однос е уште подобар, а се забавуваат со содржините на ТикТок.
За тоа како го поминуваат времето и колку уживаат во заедничката самоизолација, секојдневно објавуваат социјалните мрежи.