Има само 12 години и плете прекривки: Парите од заработката ги собира за своето лекување
Трогателната приказна за девојчето кое боледува од ретка болест ни доаѓа од Рисија...
Русинката Ирина Садовскаја е родена со ретка генетска абнормалност, синдромот Голденхар, поради што не ѝ се развиле забите, ушите и вилицата.
Мајката на Ирина, Анастасиа Садовскаја, кажа дека докторите во болницата ја известиле дека детето со таква патологија нема да ѝ живее долго. Но, како и секоја мајка, таа не ја напуштила својата ќерка и направила сѐ што е во нејзина моќ за да ѝ помогне.
Ирина сега има 12 години, поминала низ многу операции, но на лекувањето сѐ уште не му се гледа крајот.
Третманите се многу скапи, па така девојчето решило да допринесе за трошиците за лекувањето.
Започнала активно да плете ќебиња и да ги огласува на Инстаграм.
Според зборовите на нејзината мајка, има многу нарачки, некои луѓе купуваат дури и неколку одеднаш.
Истовремено, самото семејство не заборава да им помогне на другите - „Се вклучивме во добротворна работа, подаруваме ќебиња на институциите за деца со попреченост. Играме игри на среќа, но помагаме и на загрозените животни“ - објасни Анастасиа.
Покрај сите поштекотии, Ирина живее живот како и секоја друга тинејџерка. Оди на училиште, на часови по танц, а сон ѝ е да стане фотограф или психолог.