Има само 22 години, а веќе го обиколи светот: Како оваа девојка заврши во Гинисовата книга на рекорди?
Лекси Алфорд ги посети сите земји во светот, а сега ги едуцира другите како да го направат тоа...
Лекси Алфорд сега има само 22 години, а веќе ги заобиколи сите краишта на светот. Сега на социјалните мрежи се обидува да ги охрабри и едуцира другите млади патници, како најефикасно да ги организираат патувањата.
Минатата година била на карневалот во Бразил, сè додека коронавирусот не влезе во државата. Потоа се вратила во САД и паузирала со патувањата.
Меѓутоа и за време на пандемијата успеала да патува. Ги посетила Турција и Јужен Курдистан. Таа вели дека никогаш целта не ѝ била да стане најмладата личност која го обиколила светот.
„Започнав да патувам кога бев многу млада. Мојата мајка имаше туристичка агенија. Често ме носеше со себе на патувањата, дури и кога требаше да одам на училиште“ - се присетува Лекси.
До својата 18 - та година таа посетила околу 70 земји.
„Рано го завршив средното училиште и станав соработник кај мајка ми во туристичката агенција“ - додаде.
Вели дека уште од 12 години, сонувала да може да искуси како е да се живее без обврски како што е училиштето и работата, и секако да може само да патува.
„Штедев пари за да можам да патувам една година без престан“ - рече Алфорд.
Еднаш се сетила да проверила коклу години има личноста која го држи рекордот на најмлада личност која го обиколила светот. Тоа бил Џејмс Аскит, кој до 24 - тата година ги посетил сите држави во светот. Така Лекси се сетила дека може да го собори тој рекорд.
На крајот успеала во тоа.
„Имам листа од пет омилени дестинации. Индонезија ја сакам поради нуркањето, Венецуела поради природата, Пакистан поради гостопримливиот народ и прекрасниот пејзаж, а Египет поради историјата. Сепак, Исланд е најмагичното место на светот, неверојатен остров“ - признава таа.
Лекси исто така напонува дека ужива додека патува сама. смета дека секој барем еднаш во животот би требало да отпатува сам.
„Не мора да посетите сосема друга култура, едноставно може да посетите некоја соседна држава. Но, патувањата на кои сте сами ви даваат голема слобода“ - истакна младата девојка за „Euronews“.