Има само 9 години, а слика како Пикасо: Ќе се воодушевите од она што го прави со парите кои ги добива од продажба на неговите слики

Има само 9 години, а слика како Пикасо: Ќе се воодушевите од она што го прави со парите кои ги добива од продажба на неговите слики

Деветгодишниот Павел Абрамов од Арзамас, Русија, создава неверојатни слики од мачки и кучиња што ги продава за да собере средства за локално засолниште за животни.

Проектот го започнал пред една година со помош на неговата мајка Екатерина, откако починало едно од неговите миленици.

Оттогаш, тој веќе не може да го игнорира проблемот со скитници. Затоа, зел четка и бои и решил да помогне, најдобро што може.


Од кога започнал да слика куќи и мачки, тој ги продавал во замена за храна за животни, производи за нега на кожата и сè друго што им треба на животните во засолништето. Со помош на неговите родители, тој ги објавува своите дела на руската социјална мрежа VK. 

Павел договара со сопствениците на миленичиња кои сакаат слика од нивните домашни миленичиња, а тие за возврат даваат храна, завои, лекови за кучиња и мачки. 

Пред да го наслика животното, Павел одвојува време да го запознае и да разговара со сопствениците за тоа како стигнале до своето милениче. Ова му помага да ја пренесе душата на животното на хартија. 

Сè што заработува Павел носи во единственото засолниште за животни во Аразамас, каде што е најмладиот волонтер.


Фото: Printscreen

Можеби ќе ве интересира:

Лола е куче кое користи нокшир: Сон на секој кој има миленик, а нема двор

Можеби ќе ве интересира: