Има само 9 години, а веќе е најмладиот милијардер на светот: Како живее детето на нигерискиот мултимилионер
Хартиените авиони не се секојдневние на момчето кое со приватен авион лета до луксузните дестинации, облечено во најскапите брендови...
Обичните играчки и лего коцките, хартиените авиони и играњето во парк можеби се секојдневние за децата кои ги знаеме, но кога живееш во раскошен дворец, животот не изгледа баш така. Во твојот ден влегуваат приватни авиони, пространи градини и играчки за кои се потребни многу пари.
Таков е животот на најмладиот милијардер на светот, Момфе Џуниор, кој со своите 9 години води живот каков многумина не ни сонуваат. Се сеќавате ли на филмот „Richie Rich“? Епа, тоа за ова момче е „нормален“ живот.
Сопственик на првата вила, младиот Мухамед Авал Мустафа, стана шест години, а сега веќе има завидна колекција на суперавтомобили и го обиколува светот со својот приватен авион. Тој, исто така својот живот исполнет со луксуз го споделува со своите 25.000 следбеници на Инстаграм, па веќе стана и млад инфлуенсер.
Тој е син на познатата личност и мултимилионер од Нигерија, Исмаили Мустафа, попознат како Момфа, а изгледа дека е вљубен во сѐ што блеска и чини многу. Екстраваганцијата, изгледа, ја има наследено од својот татко, кој за шестиот роденден му подари вила во Дубаи.
Младиот богаташ на фотографиите е облечен во дизајнерска облека од глава до петици, на една фотографија седи на своето „бентли“, на друга на „ламборгини“, на трета на „ферари“, а објави споделува и од луксузот од приватниот авион.
фото: Instagram/momphajnrНо, тој не е единствениот млад инфлуесер во семејството, бидјеќи татко му на својот профил објавува фотографии и од неговата сестра.
Момфа постариот гордо објавува фотографии од своите преслатки деца облечени во „Версаче“.
„Скапи мали деца. На Версаче начин“ - има напишано под објавата. Семејството ги обожува дизајнерските брендови, па така социјалните мрежи им се исполните со фотографии на кои носат „Живанши“, „Фенди“, „Гучи“ и „Бурбери“.
Своето богатство таткото го добил преку менувачници во Лагос, а потоа се пуштил на инвестирање, пишуваат странските медиуми. А, кога му ја подарил вилата на тогаш шестгодишниот син, кажал дека поседувањето дом е најдоброто чувство и дека тоа не се опишува со зборови, ниту се мери со пари.
„Поседувањето дом е чувство кое го прави вредно секојдневното соочување со животот. Тогаш знаеш дека по сите подеми и падови имаш каде да одиш. Место кое никогаш нема да те осуди и секогаш ќе те повикува со раширени раце“ - додаде тој.
На својот профил објавува и фотографии со многу банкноти и фотографии на кои неговите деца спијат прекриени со дизајнерски ќебиња или пак носат дизајнерски часовници.
фото: Instagram/momphajnr