Има само шест години, а срцето ѝ е големо колку куќа: Ќерката на Наташа Беквалац е херој на денот
Наташа Беквалац е позната како голем љубител на животни,
исто како и нејзините ќерки Хана и Катја. Нивниот дом е веќе исполнет со лаење
на задоволни, посвоени кучиња Лана и Мишко, но поради околности нивното
семејство стана побогато за уште еден член, а гестот на малата Катја Лазукиќ ја
воодушеви локалната јавност.
Имено, Наташа на една страна на Инстаграм видела куче кое е донесено во засолниште во тешка состојба, при што пејачката многу се загрижила, а кога и ги покажала фотографиите на Катја, девојката рекла: „Тоа е моето куче, Хепи, мамо, ајде оди земи го“.
Гестот на Катја Лазукиќ особено ја трогнал Наташа, па таа и ја исполнила желбата на својата ќерка. По деталните прегледи, Хепи пристигнала во домот на Беквалац, избањана и дотерана, а нејзината постара ќерка Хана без прашање ги прифатила обврските да го шета новиот миленик.
Иако на почетокот другите кучиња биле љубоморни, Хепи брзо се зближи со Наташа и нејзините девојчиња и се чувствувала како дома.
Наташа приказната за своето ново куче ја објави на Инстаграм, а гестот на Катја Лазукиќ ги воодушеви нејзините следбеници, а сите и честитаа на гордата мама што го одгледала своето девојче во хумана душа со големо срце.
Фото: Инстаграм
Извор: Story.rs