Има вродено пореметување, а потешкотиите не го спречија да соработува со ѕвездите: Кој е Албино од новата песна на Милица Павловиќ?
Милица Павловиќ на новиот албум има дует со Албино, со кој ја претставија новата хит песна....
Стјепан Јелица, познат како Албино, е единствениот феномен на регионалната музичка сцена. Тој реди хитови еден по друг, а последниот, кој овие денови не поттикнува да потпевнуваме „шеќеру, шеќеру“ е истоимениот дует од новиот албум на Милица Павловиќ.
Се појавува во рамките на спотот, и тоа веднаш зад Милица како нејзин партнер во песната, а таа е во центарот на неговото внимание - визуелно се „во слатко море облаци“ или „на седмо небо“, истакнато е на официјалниот канал на „Senorita Music“.
Со неверојатната игра и перформас ја воодушевија публиката, но многумина до песната „Шеќеру“ не знаеја кој е всушност Албино.
Момчето со несекојдневен глас, за кратко време ги собра симпатиите на публиката, а неговата несекојдневна појава допринесе да стане препознатлив.
Тој е Албино, што го искористи и како свое уникатно уметничко име. Презимето исто така сам си го има одредено, а на Инстаграм можете да се уверите и тоа гласи - Семоќен.
„Освен мене никој нема албинизам во потесното и поширокото семејство, а јас до тинејџерските години не знаев што е тоа конкретно. Само знаев дека имам многу посветол тен од останатите луѓе, а со тоа моите родители никогаш не ми дадоа до знаење дека на било кој начин сум поинаков од другите деца, ниту ми попуштаа поради одредениот „хендикеп“.
Знаев само дека не смеам премногу да се изложувам на сонце. Очила носам откако знам за себе и тоа никогаш не ми било проблем или комплекс, бидејќи ми беше сосема нормално“ - кажа во една прилика Албино за „Блиц“.
Појасни и дека во текот на школувањето имал потешкотии, но дека својот недостаток го насочил на шега.
„Имав потешкотии при читањето, пишувањето и движењето, но со текот на времето се навикнав да ги надминам и тие ситни проблеми. Во средно училиште почнав да се шегувам на своја сметка и сите несигурности ги вртев на шега и во своја корист и почнав тоа да го провлекувам и низ својата музика, бидејќи сметам дека треба да бидам горд на своите недостатоци и да ги искористам колку што е можно.
Помеѓу останатото мене ме мотивираше една другарка која е 100 проценти слепа, а толку е позитивна, успешна и квалитетна личност и покрај својот голем „недостаток“. Од друга страна сметам дека таквите луѓе од една страна се и благословени, бидејќи не мораат да гледаат многу работи и можат да го замислат свеотт и луѓето онака како што тие сакаат“ - кажа тој.
Доаѓа од местото Јајце, кое се наоѓа во Босна и Херцеговина, каде завршил средно музичко училиште, па запишал и музичка академија. Јасно е дека занимавањето со музика било нешто што секогаш го интересирало, а неговите песна се мешавина од поп, треп и „deep house“, а во сето тоа може да се слушне и очигледниот звук на балканскиот мелос.
„Тотално сум „опериран“ од движењата, танцувањето и некои динамични чекори, па поради тоа и правам побавна амузика, за да не морам тоа да го правам, но благодарен сум ѝ на целата екипа која ме трпи и го извлекува она најдоброто од мене“ - кажа.
Она што тој го создава, без скромност, го смета за уметност, бидејќи како што наведува се труди да не ги следи трендовите и калапите и секоја песна ја прави според чувството што ја опишува моменталната ситуација.
Остварувањето на неговиот сон од детството настапил кога уште како 17-годишник соработувал со единствениот Едо Маајка.
Голема популарност доби со објавата на каверот/ремикс на песната под назив Раста од познатиот американски пејач Пост Мелоун и неговата „Rockstar“.
Зад себе има голем број синглови, а соработувал со бројни музичари и пејачи, како што се Едо Маајка, Клинац, Зоза, Хелем нејсе, Едита Арадиновиќ, а хитот од 2020 година „30 фебруар“ со Нина Тодоровиќ го издвои како еден од поуспешните млади таленти. Член е на белградската продуцентска и издавачка куќа „3Points“.
фото: Принтскрин / Инстаграм