Имаат нешто заедничко: Што ги поврзува Џенифер Лопез и Анабела Атијас?
Овие две пејачки во приватниот живот имаат нешто заедничко...
Џенифер Лопез и Анабела Атијас - две имиња од музичката јавна сцена, поточно едната од нив е светски позната.
Сепак, зад себе и двете имаат по еден брак, но и уште нешто. Имено, американската поп дива по 17 години од разделбата му даде шанса на поранешниот вереник Бен Афлек. Тие двајца ја освежија својата романса и уживаат во приликата која е пред нив, а тоа истото го направи и Анабела.
Имено, пејачките се вратија во прегратките на своите поранешни партнери и може да се каже дека српската сцена ја има српската Џеј Ло.
Љубовната приказна за Анабела и Андреј Атијас помина низ бројни подеми и падови, а двојката стави крај на брачната заедница пред две години, а потоа дојде до смирување.
Андреј ја запроси Анабела во 2012 година, и тие се венчаа. По една година, тие ја добија ќерката Бланкица, а нивниот идиличен брак траеше седум години, а потоа се разведоа во 2019 година без никакви скандали. Веста за крајот на нивниот брак ја потврди самата пејачка.
Иако беа разделени еден период тие двајца сфатија дека не можат еден без друг.