Имал 25 центи во џебот и се обидел да се убие, а сега енајголема ѕвезда на социјалните мрежи: Добива по 40 понуди за рекламирање на ден

Имал 25 центи во џебот и се обидел да се убие, а сега енајголема ѕвезда на социјалните мрежи: Добива по 40 понуди за рекламирање на ден

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ова момче е најмоќниот инфлуенсер во областа на нега на кожата, а сега да ги оставиме бројките да зборуваат за себе. Пред светот да го погоди пандемијата на коронавирус, имал околу 100.000 следбеници. Денес има 1,2 милиони на Инстаграм, 4,5 милиони на Јутјуб и 6,8 милиони на ТикТок.

Хајрам е опседнат со негата на кожа, а вели дека целта му е да ја направи достапна и разбирлива за сите. Неговите препораки се следат религиозно, а повеќето од производите што ги споменува се пласираат на најпородавата листа во Америка. Некои статистички податоци покажуваат дека продажбата на прозиводот што го добива неговиот „амин“ се зголемува за 65%, пишува „Гардијан“.

На почетокот на пандемијата, пет до шест пати објавувал содржина на Јутјуб во текот на една недела, а три пати на ден на ТикТок. „Малку го намалив сето тоа, бидејќи буквално не спиев“ - вели овој инфлуенсер.

На неговите социјални мрежи отј открива митови за негата на кожа, информира за различните состојки и открива дали формулациите на популарните брендови се навистина ефикасни или само се крева прашина залудно, а сето тоа го прави на забавен, шармантен и духовит начин. Тој не се двоуми да ја каже вистината и да посочи дека одредени производи немаат моќ, а има и своевидно мото: „Состојките не лажат“.

Секоја од неговите препораки резултира со голем раст на продажбата и скоро и да нема бренд што не сака да соработува со него, па не е ни чудо што добива од 30 до 40 понуди за спонзорство на ден и покрај фактот што тој нема маедицински квалификации.

„Ги замолувам луѓето да не ги ставаат моите препораки над дерматолошките, мојата улога е да им помогнам на луѓето да ги разберат основите на нега на кожата“ - напоменува ова 25 - годишно момче.

„Њујорк Тајмс“ го нарече Хајрам „советувач за нега на кожа на генерацијата Z“, а неговиот хаштаг #skincarebyhyram е прегледан 2,3 милијарди пати на ТикТок.

Хајрам бил мормон пред само неколку години и е роден во семејство со пет деца кое одгледувало говеда во Аризона. Тој вели дека во еден момент живеел со 25 центи на ден и дека не можел ниту да си ја дозволи киријата. Но, неговата страст и љубов кон негата на кожа се претворила во империја која му носи брза и сигурна заработка. Неодамна дури лансираше и свој бренд за нега на кожа, „Selfless by Nyram“ за кој вели дека очекува да биде „катализатор за создавање на социјални промени“.

„Пораснав на Јутјуб, ја сакам негата на кожа и сето тоа е многу забавно, но она што отсекогаш сум го сакал е да го променам светот на пдообро. Да, негата на кожа ми помогна да ја изградам оваа кариера, но секогаш сум се замислувал во непрофитниот и социјалниот сектор на претприемништвото“ - вели тој, кој преку лансирањето на брендот, исто така ги потенцира климатските промени и пристапот до чиста вода за пиење.

За жал, додека Хајрам го следи огромен напредок и успех на професионално поле, приватно со години минува низ драма и се бори за своето ментално здравје. Тој израснал во мал град во Аризона со родители кои биле членови на мормонската заедница, каде хомосексуалностса секогаш наидувала на најстроги осуди.

„Благодарен сум им на моите родители затоа што ме охрабруваа да сонувам големи соништа. Но, немаше ништо добро во обидот да се помирам со мојата сексуалност со години. Религијата ги оправда предрасудите и не беше невообичаено да се слушне крајно насилната реторика насочена кон геј популацијата. За мене најбезбедно беше да го кријам својот сексуален идентитет“ - вели Хајрам, кој бил принуден да ги спакува куферите на 18 - годишна возраст и да се пресели на Хаваите, каде живее и денес.

Тој вели дека заљубен во Хаваите, дека тие му се „засолниште и терапија“. Сепак, првите години од осамостојувањето му биле тешки: „Морав да одвојам време да се фокусирам на закрепнувањето, да се помирам со сексуалноста и да ги излечам траумите од минатото.“

Својот Јутјуб канал го отворил во 2017 година, додека работел две послабо платени работи, а од тоа заработувал само 20 долари месечно. Потоа се обидел да си го одземе животот, поради нарушувањата во исхраната, а потоа целото искуство го споделил на споменатата социјална мрежа. Тој вели дека неговата заедница на социјалните мрежи, иако далеку помала од она што е денес, „му го спасила животот“.

„За време на тој период, се чувствував како воопшто да не напредувам. Требаше да се грижам како ќе јадам и како ќе ја платам киријата и гледав како се топат можностите околу мене, бидејќи не можев да си дозволам да го продолжам моето образование. Беше многу обесхрабрувачко. Како што почнам да растам на Јутјуб и да видам како се гради оваа неверојатна заедница, тоа ми даде причина да сакам да живеам. Количината љубов и поддршка што ги добив ми помогна да ја сфатам својата вредност. Тоа е причината што денес сум на оваа позиција“ - вели овој блогер.

Хајрам изгледа дека си го најде своето место под сонцето. Сепак, тоа сè уште не комуницира со неговите родители.

„За жал, не сум во контакт со моето семејство, освен со неколку браќа и сестри. Фактот дека не можев да имам добар однос со моите родители беше една до најтешките лекции за мене. Не знам како ме гледаат тие мене и сè што ми се случува, но јас навистина не сакам да им нанесам зло“ - порача тој, додавајќи дека неговата приказна ќе ги инспирира другите и ќе покаже дека е можно да ги остварат своите соништа, дури и кога си само „обично момче од ранч“.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: