Имал само 11 години кога било откриено дека боледува од ретка болест: Како Меси го надмина тешкото нарушување?
Гледајќи го Лионел Меси со полна сила и во екот на популарноста, тешко е да се замисли дека на 11-годишна возраст му била дијагностицирана ретка болест...
Лионел Меси имал само 11 години кога му била дијагностицирана ретка болест под назив нарушување на хормонот за раст. Поради оваа состојба, телото не му растело како што треба. Сепак, Меси успеа да се избори со оваа болест и да стане еден од од врвните спортисти во светот.
Денес светот е преплавен со фотографии на кои Меси го држи пехарот од Светското првенство во фудбал - тој во очите на планетата е победник, но неговиот пат дотаму не бил воопшто лесен.
„Ми требаа повеќе од 17 години да дојдам до овој момент што е исполнет со чиста среќа“ - кажа Меси.
Имено, Меси отсекогаш го сакал фудбалот и со задоволство играл, но еден здравствен проблем со години го забавувал. Меси бил најнизок помеѓу сите играчи кои биле на негови години. Мецинските прегледи тогаш откриле дека Меси има недостаток од хормонот за раст - ретка здравствена состојба поради која неговото тело одбивало да се развие и расте.
Оваа состојба може да биде генетска, т.е. вродена или подоцна да се стекне, но никогаш не е откриено што било случај кај него.
Меси, имал само 11 години кога неговите родители забележале дека има проблеми со растот. На 12 години секоја вечер вбризгувал хормони за раст во ногата. Меѓутоа, цената на лекувањето била превисока, а неговото семејство не можела да му го дозволи тоа на синот. Во тоа време фудбалскиот клуб Барселона му помага на семејството на Меси, така што го спонзорира лекувањето на идниот шампион.
Кога наполнил 17 години, Меси го покажал целиот раскош на својот талент, а главните луѓе на фудбалскиот клуб Барселона знаеле дека вложиле во иднината.
фото: Принтскрин / Инстаграм