Имала само три дена кога родителите ја оставиле во болничкиот тоалет: И покрај сѐ сака да ги запознае (ФОТО)
Леа од Манчестер имала само три дена кога родителите ја оставиле во болничкиот тоалет, а со помош на добрите луѓе успеала да преживее и да израсне во убава и способна жена.
Како што вели, имала желба да ги пронајде родителите и да им прости, но тоа никогаш не успеала да го реализира. Наместо родителите, пронашла далечен роднина кој ја запознал со мајката на татко ѝ.
„Целиот живот сонував за средбата со некој од роднините и мислев дека баба ми ќе ми ја открие локацијата каде се наоѓаат моите родители. Меѓутоа, следуваше студен туш, бидејќи дознав дека мојот татко пред 40-от роденден доживеал мозочен удар“ - раскажа оваа жена.
За ситуацијата да биде уште потажна, Леа открила дека повеќе од 20 години живеела на само шест километри од семејството, пренесува „Daily Mail“.
„Тешко ја прифатив вистината. Се обвинував себе, бидејќи прекасно направив некои работи“ - раскажа низ солзи таа.
Единствената работа која ја открила за мајка ѝ е претпоставката на полицијата дека била тинејџерка и дека не знаела што да прави со бебето, но, за жал, детали за неа никогаш не добила.
Иако животот не ја галел, Леа нагласува дека сепак имала убав живот и дека ништо не ѝ недостасувало додека растела.
„Деби и Ендру се луѓето кои ме посвоија. На вести ја виделе приказната за напуштеното бебе и донеле одлука јас да бидам нивна ќерка“ - раскажа Леа и додаде дека секогаш ја болел фактот дкеа е сираче.
„Бев дете кога ми се појави желбата да ја дознаам вистината. Се сеќавам дека сакам да избегам од дома и да ја најдам мама“.
Леа, која денес е мајка на две момчиња, вели дека желбата за вистината не исчезнала, бидејќи не може да ја замисли причината поради која би ги напуштила децата.
Иако не ги пронашла биолошките родители, таа со помош на денешната технологија за ДНК успеала да пронајде многубројни роднини.
Зборувајќи со бабите и тетките, Леа дознала дека има многу сличности со татко ѝ.
„Ме однесоа на неговиот гроб и ми зборуваа каков човек бил. Сакал да црта, исто како и јас. Многумина ми кажаа дека дури и личиме“.
Леа не ја губи надежта дека еден ден ќе ја запознае мајка ѝ.
„Мислев дкеа нема да го пронајдам ни татко ми, па животот имаше поинакво план. Но, животот мора да оди понатаму и потрагата за мајка ми не смее да ми го одвлекува вниманието. Јас морам да бидам добра мајка, ако таа не беше“ - заклучи оваа жена.
фото: BBC One