Имала тешка бременост: Меган Трејнор роди син
Меган Трејнор очигледно сака да ги одбележува важните моменти во животот на уште поважните датуми - таа на својот 25 роденден тајно се омажи за сегашниот сопруг Дарил Сабара, па таа годишнина секогаш ќе ја поврзува со својот посебен ден, а раѓањето на своето дете го сподели со светот токму на Денот на вљубените. Меган роди здрав син, но нејзината бременост била сериозен предизвик.
Имено, Меган го родила синот, на кој му го даде името Рајли, на 8 февриари, но дека тоа го криела од јавноста до Денот на вљубените, 14 февруари, за сето тоа да биде уште повеќе симболично. Таа и нејзиниот избраник Дарил се во среќен брак полн со љубов, а борбата да добијат дете за нив не беше воопшто лесна.
„Ова слатко момче требаше да се роди денес, Денот на вљубените беше датумот, но 8 февруари беше денот кога го запознавме. Ние сме заљубени! Дерил, ти благодарам за најубавиот подарок за Денот на вљубените. Добредојдовте во светот, Рајли!“ - напиша Меган, па откри и дека бебето всушност требало да се роди на 14 февруари!
Во декември, Меган откри дека се бори против еден вид дијабетес што може да и ја наруши бременоста, но, за среќа, успеа да го регулира со поздрава исхрана и фитнес. Меган се придржуваше кон поздрав живот и рече дека научила најмногу за здравјето сега кога ги поминала сите овие месеци во бременост.
„Јадев многу и бидејќи сум бремена и во карантин, не можев да одам на забави, да пијам и да се релаксирам, затоа јадев многу, но потоа добив дијабетес, па морав да внимавам на секој грам храна што ќе ја земам. Многу се плашев од породување, особено што мајка ми нема да биде таму во салата, тешко дека го пуштаат и мажот внатре, но јас навистина ја сакав мајка ми со мене“ - изјави Меган. Сè на сè, оваа тешка мисија беше успешна!