Имам ново момче: Бресквица дефинитивно го преболи Војаж и откри сè за партнерот
По крајот на врската со Михајло Веруовиќ Војаж, Анџела Игњатовиќ Бресквица започна нова врска, но сегашното момче го крие од очите на јавноста.
„Не погодија. Јас сум во врска, само никој не погоди кој е и нема ни да погоди. Научив да кријам сè што правам. Никој не знае каде сум и што правам и тоа ми е најважно, да го имам својот мир. Тој е некој кој ја сака својата приватност и јас не сакам да го покажувам, ако тој тоа не го сака. Тоа е океј, и нема никакви проблеми помеѓу нас поради тоа. Просто, јас имам своја работа, тој своја. Ние сме постојано заедно, не се разделуваме. Просто, тој не е некој кој сака да се експонира и јас го почитувам тоа“ - раскажа Бресквица.
Пејачката откри и како се борела со негативните коментари на социјалните мрежи.
„Луѓето воглавно навредуваат на основа на физичкиот изглед. Мене во последно време ми зборуваат дека многу сум се здебелила, а не знаат дека тоа е нешто што јас го сакав. Јас самата на себе си бев преслаба и сакав да се здебелам. Почнав да тренирам... Понекогаш, тие коментари знаат да бидат и смешни, па ги споделувам со семејството и пријателите, па им се смееме“ - раскажа за „Телеграф“ младата пејачка.
фото: Инстаграм