Имаш ли идеја за фустан за матура: 8 трендови кои ќе се носат оваа година (ФОТО)
Полека девојките почнуваат со подготовките за матурската забава...
Никогаш не е прерано да почнеш да истражуваш и да си го најдеш совршениот фустан за матурската забава. Многу девојки се радуваат на овој ден и сакаат да изгледаат свечено, или подобро кажано - како да одат по црвен килим. Главното нешто што ти е потребно за тоа е фустан или костим ако не сакаш фустани.
Одбирањето на фустан за матура за некои девојки е мака, бидјеќи не сакаат да се облекуваат премногу свечено, ниту да носат такви работи, а за некои пак, ова е најубавиот сон. Ако си и ти во вториот тип на девојки, тогаш потрагата по фустан за матура ја сфаќаш многу сериозно и сакаш фустанот да ти биде онаков каков што имаш замислено. Иако е добро да ја имаш фотографија од оној модел кој го сакаш, не е лоша идеја ниту да пробаш неколку различни модели во продавниците за свечени фустани. Едноставно, можеш да се изненадиш ако во некоја продавница го најдеш својот совршен фустан.
На какви фустани ќе фрлиш око зависи од твојот вкус, но ако не знаеш ни сама што сакала да носиш или си отворена за различни опции, во продолжение ти носиме неколку предлози кои би можеле да ти помогнат во потрагата. Сите овие, во последно време се тренд помеѓу познатите ѕвезди и многу од нив ги носеа на црвените килими.
# Светли бои
# Фустани со отвори
# Едноставен крој со висок отвор
# Пердуви на фустанот
# Фустан или комбинизон целосно прекриен со светки
# Со гол грб
# Фустан со корсет
# На едно рамо
фото: Принтскрин / Инстаграм