Имаш мачка, куче или нешто трето: Што открива за твојот карактер миленичето кое го чуваш?
Препознавте ли некоја од овие карактеристики?
Луѓето често се делат според тоа дали повеќе сакаат мачки или кучиња. Но, дали знаевте дека вашите животни параметри кажуваат многу за вашата личност?
Некои луѓе сакаат кучиња, некои мачки, а некои дома чуваат желки, птици, но и егзотични и опасни животни. Тој избор на домашен миленик може многу да каже за самиот сопственик. Во продолжение се класичните карактеристики на сопствениците на одредени животни:
# Доколку сакате кучиња
Луѓето кои ги одбираат кучињата за миленици обично го сакаат тоа што кучето воедно може да биде и пријател, т.е. сакаат нивниот домашен миленик да биде некој со кој многу се дружат и забавуваат. Освен тоа, докажано е дека сопствениците на кучиња обично се конзервативни и совесни, отколку луѓето кои имаат мачки. Луѓето кои сакаат кучиња исто така се дружељубиви, самоуверени и упорно, а интересно е дека едно истражување покажало дека луѓето со кучиња полесно и побрзо ги прифаќаат новите технологии.
# Доколку сакате мачки
Доколку сте тип на личност која сака мачки, истражувањата покажаа дека вие поседувате одредени квалитети кои на сопствениците на кучиња често им недостасуваат. За почеток, љубителите на мачки ги бираат овие животни, бидејќи сакаат нежен и мил домашен миленик. Освен тоа, сопствениците на мачките обично се полиберални и поинтровертни, непристрасни се и помалку осудуваат од сопствениците на кучиња. Понатаму, истражувањата исто така покажаа дека сопствениците на мачки често се невротични, повеќе се стресуваат и повеќе сакаат самостојно да работат. Најинтересните факти ги оставивме за крај: доколку преферирате мачки, многу е веројатно да уживате во ироничен хумор и игра со зборови, но и помалку да ги менувате пријателите.
# Доколку дома имаш некои други животни
Луѓето не се делат само на љубители на мачки и кучиња. Домашни миленици може да бидат и други разни животни, а изборот на домашниот миленик се смета за составен дел на човековата самоперцепција. На пример, мажите кои сакаат да изгледаат опасно бираат големи и силни кучиња, додека луѓето кои бираат необични животни за домашни миленици, како змија или пајак, обично сметаат дека тие животни се несфатени. ТОа често упатува на фактот дека и самите сопственици се чувствуваат несфатено.
Такви примери на поврзаност помеѓу домашниот миленик и карактеристиките на сопственикот се многубројни. На пример, љубителите на птици често самите би се опишале како љубезни, пристојни и грижливи личности, додека сопствениците на желки за себе би рекле дека се рационални, дека се ориентирани на целта и дека секогаш може да се потпрете на нив. Доколку пак дома за милениче имате ирби, се смета дека сте мирни, опуштено и емоционално стабилни.
Личностите кои дома имаат змии сметаат дека се неконвенционални (што би можело и да се претпостави со оглед на необичниот избор на миленик), но ти е се и опуштени, непредивдливи и љубопитни. Сопствениците на зајчиња веројатно самите себе ќе се опишат како топли и сочувствителни личности, отворени за нови искуства, додека љубителите на коњи се сметаат за наметливи и склони кон само - испрашување.