Имаше 8 години кога го воодушеви светот: Што прави денес најсилното момче на светот?
Пред неколку години светот полуде по фотографии од набилданото 8 - годишно момче Ричард Сендрак...
Вљубеникот во фитнес од мали нозе стана апсолутен хит на Интернет поради стомачните и мускулите на кои му завидуваа и многу возрасни мажи.
Ричард тогаш беше познат како „најсилно дете на светот“, а за него во 2004 година е снимен и документарец. Наводно како 8 - годишник кревал 40 кила, поради што го добил прекарот „Малиот Херкулес“.
Неговите родители набрзо го најмија професионалниот тренер Френк Џардин да ја започне професионалната кариера на момче, по што почнаа и спонзорските договори и пари...
Наскоро беше откриено дека неговиот татко Павел бил уапсен затоа што ја претепал мајката на момчето Лена кога Ричард имал 11 години. Имаше гласини и дека таткото го малтретирал својот син, поточно, го присилил да стане боди-билдер. Наводно, Ричард морал да спие на подот, а неговиот татко му забранил да игра со други деца додека не наполни 10 години.
Британските медиуми потоа ги објавија изјавите на некои лекари кои се сомневаа во можноста дете да се развие на таа возраст без употреба на стероиди.
По „светската слава“ и контроверзии, во 2015 година Ричард го напушти светот на боди-билдингот. Сега има 23 години и открива зошто се „уморил од сето тоа“.
Денес работи како каскадер во филмско студио во Лос Анџелес, а негов тренинг сега е скејбордингот и трчањето по скали.