Имав 19 години и ми беше чудно што не заработувам: Џејла Рамовиќ за најтешкиот момент во животот
Пејачката раскажа како ја донела големата животна одлука...
Младата пејачка Џејла Рамовиќ се прослави со учеството и победата во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а потоа му се посвети на образованието. Пред 2 години се запиша на студиите по економија во Шпанија. Периодот на пандемијата, како на сите ѝ го променил животот, а тогаш се загрижила за својата кариера.
„Дојде период кога година и пол не работам ништо, тогаш веќе имам 19 години и мене ми беше чудно што не заработувам. Морав нешто да направам и тогаш размислував каква опција имам за работа, ако во животот ми се случи нешто, како што беше короната“ - кажа пејачката и исткана дека вложила во образованието за во животот да има повеќе различни можност, ако повторно се случи ситуација како пандемијата.
„Сфатив дека морам да се образувам за да можам нешто да работам. Секако, човекот има некои различни вештини и можеме да се снајдеме на различни начини. Луѓе сме, паметни сме и можеме да се снајдеме, но јас сакав никогаш во животот да не останам на опција еден. Сакав да имам и втора и трета опција и да можам да бирам“ - заклучи Џејла, која во еден подкаст неодамна призна дека пролеала многу солзи.
„Имав икс проблеми, и подеми и падови, и толкави подеми со кои не можев да се носам, па не знаев што со себе. Толкави падови што по три дена плачев дома, многу работи се случуваа, но кога ќе излезам во јавноста во моите очи има храброст“ - објасни таа.
фото: Принтскрин / Инстаграм