Инфлуенсерка ја открива вистината: Ниту Инста моделите не изгледаат како на фотографиите
Инстаграм vs. реалност
Само затоа што на фотографиите изгледаат совршено, така не изгледаат постојано во реалниот живот. Инфлуенсерките во тие неколку секунди за фотографијата ќе се наместат најсовршено, а следбениците добиваат впечаток дека тие така изгледаат, иако по фотосесијата тие повторно стануваат луѓе со несовршености.
Немојте да си создаваш притисок бидејќи не изгледаш како Инстаграм моделите чии профили ги следиш. Фотографиите за на Инста се разубавуваат, а и не е проблем да се наместиш во совршената поза таа минута. Една инфлуенсерка од Амстердам, Rianne Meijer, една е од оние девојки на Инстаграм чии фотографии изгледаат совршено. Убава коса, одлично тело, супер живот, секогаш совршена поза... или не? Таа сепак одлучи на својот профил да ја покаже и другата страна која останатите не ја покажуваат. Често помеѓу фотографиите, објавува и по неколку фотографии, на пример една тип топ средена како за на Инста и една на која изгледа како во вистинскиот живот без правилниот агол, осветлување, правилно наместена облека.
Нејзиниот профил го следат 841.000 луѓе. Сите сакаат да ја видат реалноста, а не само наместените совршени фотографии. Па така на фотографиите покажува дека нејзиниот стомак не изгледа секогаш совршено рамно, дека лицето не и изгледа совршено, а ни остатокот од телото. Сето тоа зависи од модната комбинација, позата која ќе ја направи, аголот од кој се фотографира... ситници кои поголемиот дел од нас нема да ги земат предвид кога се фотографираат.
Овие фотографии исто така може да ти покажат колкаво внимание на крајниот резултат има аголот на фотографирање и дека Инста моделите не изгледаат постојано совршено, како на фотографиите. А, зошто и како се одлучила да ја покаже и другата страна од приказната? За сето тоа е „виновна“ нејзината 13 - годишна внука за која знае дека поминува многу време на социјалните мрежи. Поради неа и сите други девојки, сака да го покаже она што го гледаат, поточно дека гламурозниот живот и совршените фотографии не се реалниот приказ на нечиј живот. Сака да го привлече вниманието на младите и да им посочи да не копнеат по совршенството, зошто дури ни Инста моделите не изгледаат совршено.