Инспирација најдов во делата на Михаил Корубин: Јелица Мерџаноска цели да стане уметник во медицината

Инспирација најдов во делата на Михаил Корубин: Јелица Мерџаноска цели да стане уметник во медицината

Објавена во: Интервјуа, Таленти

Јелица Мерџаноска е 18 - годишна девојка, која има огромен талент. Таа е уметница, кој учи медицина. Моментално е четврта година во средното медицинско училиште во Гостивар, а кога се цртањето и уметноста во прашање, таа едноставно го следи својот талент.

Оваа тинејџерка ни откри дека инспирацијата најпрво ја црпела од делата на веќе докажаниот македонски уметник, Михаил Корубин, но дека сега е фокусирана на креирање на нејзин сопствен стил. Што друго ни откри оваа самоука уметница, прочитајте во продолжение.

# Од каде желбата за цртањето?

Сите ние се раѓаме со некој талент,желбата за цртањето е од моментот на моето раѓање.

# Ти си средношколка која студира медицина, па оттука и прашањето: Можеш ли да ги поврзеш овие две професии?

Според мене, уметноста може да се поврзе со секоја професија, па затоа можам слободно да кажам дека може да се поврзе и со медицината.

# Кој и кога го откри твојот талент за цртање?

Цртам од кога знам за себе, моето семејство го забележа мојот талент од најрана возраст.

# Дали ќе се препуштиш на талентот и ќе ја одбереш уметноста како идна професија или пак образованието ќе го продолжиш во областа на медицината?

Се надевам дека ќе успеам во двете, да го негувам својот талент и да станам успешен лекар.

# Што е она што најмногу сакаш да го црташ? Од каде црпиш инспирација?

Најмногу сакам да цртам портрети. Инспирацијата на почетокот ја пронајдов во делата на Михаил Корубин, кој воедно и мој идол, но и на некои други уметници кои ги пронајдов на социјалните мрежи, но моментално сакам да се фокусирам на креирање на мој сопствен стил.

# Можеш ли да издвоиш некое дело како омилено и секако зошто го избра истото?

Сите слики се едно дело и сите се посебни на свој начин.

# Кое е мотото според кое се водиш во животот?

Секој е уметник на својот живот и немој да ја даваш четката на некој друг.

# Каде се гледаш за 10 години?

Се гледам како уметник во медицината.

# Кој хаштаг најчесто го користиш?

На мојот Инстаграм профил користам неколку хаштагoви, но ќе го издвојам #artistoninstagram.

И.М.

Објавена во: Интервјуа, Таленти

Можеби ќе ве интересира: