Инспиративната приказна на девојката која боледува од редок синдром: Се извлекла од депресија и научила да се сака себе
Оваа девојка од Нов Зеланд има приказна од која сите можеме да научиме нешто...
Тајла Клемент е девојка која во текот на своето детство проживеала многу малтретирања и задевања. Имено, таа боледува од реткиот Мебиус синдром, што значи парализа на лицето.
Целиот живот, Тајла не може да се насмее, да ги помести веѓите, очите или горната уста. Бидејќи била многу различна, на училиште ја исмејувале. Нејзините родители првпат ја испратиле на операција кога имала 11 години, но операцијата не вродила со плод.
На 17-годишна возраст ѝ бил дијагностициран тежок облик на депресија.
„Се чувствував како да не сум добредојдена ниту во едно општество“ - изјави оваа девојка.
И покрај сите неволји во животот, Тајла работеше на себе и на својата самодоверба. И било потребно време, но успеала во тоа.
И додека порано бегала од камерата, денес има профил на Инстаграм каде ги објавува своите фотографии и ги споделува своите искуства, со цел да им помогне на луѓето со слични проблеми.
Неодамна потпиша договор со агенцијата „Zabedee Talent“, кој ги претставува LGBTQIA луѓето, како и лицата со посебни потреби и други разлики што ги прават различни од другите.
Приказната на Тајла го заобиколи светот и секако инспирираше многумина. Што е уште попрекрасно и неверојатно, Тајла посочи дека не им лута на оние кои ја малтретирале во минатото.
„Мора да знаете дека ако некој ве малтретира, дека проблемот не е во вас, туку во лошите луѓе кои сакаат да ги повредат другите. Не морате да се менувате за да бидете прифатени“ - кажа Тајла во својата објава на Инстаграм.
И покрај сите проблеми и неволји со кои се соочила во животот, денес Тајла го прави она што го сака и што е најважно: научила да се сака себе.
фото: Принтскрин / Инстаграм