Инспирирани од поп-културата: Идеи за фустани за овогодинешната матурска забава (ФОТО)

Инспирирани од поп-културата: Идеи за фустани за овогодинешната матурска забава (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Купувањето на фустан за матурската забава е стресно и збунувачко и болно, но минатата година беше преполна со модни моменти од познатите личност, што задачата оваа година е многу полесна од порано.

Директно од поп-културата ни стигнуваат фустани за овогодишнешните матурски забави. Во суштина, тоа се фустани кои ги носеа Кајли Џенер, Дуа Липа, Оливија Родриго или тинејџерите од „Еуфорија“.

Во продолжение погледнете што ќе биде ИН оваа година:

# Дводелен мини фустан од црн сатен со дијаманти на прерамките 

Трендовите се менуваат од година во година, но можете да дадете малку сјај на матурската вечер. Минималниот сјај е добитен оваа година, а прерамките украсени со дијаманти ќе доминираат на сцената.

# Фустан со отвор како пеперутка

Познатите личности како Кајли Џенер и Дуа Липа веќе со месеци го носат овој фаворит од 2000-тите. Како резултат на тоа, сега можете да си купите блескава вечерна облека прекриена со принт.

# Сатенски макси фустан со деколте

Сметајте го ова како ефект од Оливија Родриго. Поп-ѕвздата се обиде да ги нормализира чизмите на платформа со свечените фустани и на матурската вечер, нејзиното влијание ќе биде очигледно.

# Свечен фустан со А-крој 

Овој стил ќе го видите по целиот подиум за танцување на овогодинешната матурска забава. Дизајнерите во овие модели преземаат делови од долната облека со цел да ги погиднат едно ниво погоре традиционалните фустани.

# Мини фустан со спуштени ракави, инспириран од 80-тите

Иако поголемиот број трендови на оваа листа доаѓаат директно од 2001 година, темите од 80-тите стануваат посилни. Луксузниот сомот, деколтето и спуштените ракави се трендови кои ќе се применуваат.

# Фустан на едно рамо

Кога ќе купувате за матурската вечер, запрашајте се дали некој лик од „Еуфорија“ ова би го носел во хемиската лабораторија во 1:30? Ако одговорот е да, тогаш најверојатно е добитна комбинација за матура. Дивите отвори даваат точна енергија - само додајте „кул“ чевли и малку дополнителен сјај за тело.

# Мини фустан со прерамки

Лентите што го обликуваат деколтето се истакнуваат низ целата матурска сцена - совршен избор за секој што сака да изгледа малку дрско. Минималистичките детали прават дури и најнеобичниот фустан да биде 100 проценти прикладен за матура.

# Мини фустан со ракавици

Долгите, елегантни ракавици прават дури и најобичниот мини фустан да изгледа одлично.

# Фустанот на Астрид

Магичните детали на дизајнот можат да изгледаат како антички глам, толку лесно колку што може да изгледаат и претерано „кул“. Изборот е твој.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: