Инстаграм БУМ! Отклучете ги новите филтери кои ќе ве изненадат
Се сеќавате ли кога се појави опцијата „Story“ на Инстаграм и сите бевме скептични?
Инста-приказните процветаа од популарност и сега можете да пристапите кон нови посебни филтери, кои ќе го направат вашето селфи посебно и уникатно.
Многу е важно кого следите. Од додавање на авијатичари на своето лице до блескавата круна на Бијонсе, едноставно сите ја обожаваат креативноста на овие филтери. Со заследувањето на некои Инстаграм профили добивате директен пристап до новите филтери на личностите чиј профил сте го заследиле. Вашите приказни сега ќе бидат едно ниво погоре, сега не мора да се шминкате или некако посебно да се облекувате за да го постигнете максималниот потенцијал, кој сега ви е достапен при рака.
Во продолжение ви ги претставуваме едни од најдобрите кориснички профили кои за возврат од вашиот follow ви ги нудат најстилските филтери досега:
1. Nahir.esper
Пеперутките се еден од најпопуларните трендови оваа сезона. Добрата вест за љубителите на овие мали магични инсекти се новите филтери на @nahir.esper кои ви овозможуваат на вашето лице да вметнете блескави пеперутки. Останатите филтери вклучуваат цветни аранжмани кои излегуваат од вашето лице, Симс дијаманат над главата и голем избор на наочари кои ќе ви помогнат да изгледате како Џиџи Хадид.
2. Johwska
@Johwska на својот сопствен профил има тотално нови филтери кои ви ги затемнуваат очите, целото лице го претвараат во решетки и вашето лице добива надреалистички ефекти. Најпознат е нејзинот beauty3000 филтер, поради кој вашето лице ќе изгледа како син и виолетов холограм.
3. Filt.ar
Долго време лудеевме за филтерот кој ќе ни го пружи идеалниот make-up изглед од уметничката Rowi Singh. Сега, не мора ни да имате талент за да го постигнете нејзиниот нереален изглед, бидејќи отсега профилот @Filt.ar во соработка со Rowi направија нови филтери. Изгледот е толку реален што вашите следбеници нема да знаат дека не сте го направиле сами! Освен тоа има и светкав филтер со круната на Бијонсе, која во 2017 година ја носеше на доделување на Grammy наградите.
4. Ramenpolanski
Овие филтери се направени од Jade Roche и преполни се со позадини во други бои и градации на лицето. Повеќебојните аура филтери го опишуваат вашето лице и тело и совршени се ако сакате нешто ново и ин!
5. Sanam
Во соработка со Southasiaarchive, Sanam го направи еден од нашите омилени инстаграм филтери. Филтерот на вашата фотографија додава традиционални јужноазиски накит кој поврзува пирсинг од носот до вашето уво. Освен тоа филетерот вклучува виолетови нијанси, а исто така работи и на куќни миленичиња.