Инстаграм филтри со кои ќе добиете најмногу лајкови: Овие 5 се истакнаа како најдобри
Кога нешто објавуваш на Инстаграм, секако дека сакаш што повеќе лајкови...
Ретко кога некој ќе објави некоја фотка само колку ради реди и нема да се грижи дали има 5 или 55 лајкови. На повеќе луѓе им се важни лајковите. Иако секако, не би требало да се грижиме за нив, сепак не оптоваруваат.
Бројот на лајкови кои ги имаш на фотографијата која ја имаш објавено на Инстаграм не е показател за ништо, особено не за тоа колку сте убав/а или колку вредиш. Сепак, сите се грижиме аза нив и сакаме да имаме што повеќе. Се чувствуваме подобро кога нашите објави имаат повеќе лајкови. Секако, колку лајкови ќе имаш, зависи од бројот на следбениците, како и од хаштаговите кои ги користиш.
Најважно е како изгледа фотографијата. Користењето на филтри е нешто што многу луѓе го прават редовно, а една студија покажа дека постојат филтри кои се подобри ако сакате да соберете што е можно повеќе лајкови, бидејќи привлекуваат луѓе и даваат поголеми шанси за твојата објава да биде популарна. Истражувачите од „Georgia Tech“ и „Yahoo Labs“ направија студија наречена „Why We Filter Our Photos and How It Impacts Engagement“, а ова се резултатите.
За почеток, се покажа дека фотографиите со филтер, поминуваат подобро од оние кои немаат никаков филтер. Најмногу лајкови собираат оние филтри кои на фотографиите ќе ја зголемат топлината, заситеноста и контрастот. Така, дури и ако не ставите никаков однапред одреден филтер, ова се работите на фотографијата што можете да ги уредите за да добиете повеќе лајкови. Филтрите на Инстаграм кои најдобро ги исполнуваат овие услови се: Mayfair, Rise, Valencia, Hefe и Nashville. Од друга страна, тука се и филтрите кои е најдобро да се избегнуваат, а два кои посебно се издвојуваат се Lo-Fi и X-Pro II. Исто така, сите оние филтри кои даваат синкави тонови на фотографиите не се најдобри за употреба, бидејќи ги одбиваат луѓето. Не очекувај чуда, но ова дефинитивно може да помогне.