Инстаграм и ТикТок стануваат минато: Новата социјална мрежа расте побрзо и од Јутјуб

Инстаграм и ТикТок стануваат минато: Новата социјална мрежа расте побрзо и од Јутјуб

За само неколку месеци креирани се над 5.000 видеа со повеќе од 100.000 прегледи...

Новата видео платформа YurOn ги поврзува своите корисници на нов начин, користејќи т.н. поврзани видео разговори (threaded conversations). Оваа конверзација функционира така што корисниците поставуваат прашања и одговараат на нив преку кратки видеа.

За само неколку месеци од стартувањето, YurOn привлече над 5.000 корисници, кои денес на оваа социјална мрежа поминуваат повеќе време отколку на Твитер.

Досега се креирани над 5.000 видеа со повеќе од 100.000 прегледи - што е повеќе од она што Јутјуб го имаше во истата фаза на својот раст, пренесува ZdNet.


Комуникацијата функционира така што на YurOn го барате прашањето на кое сакате да одговорите и го објавувате своето видео. Секој во YurOn заедницата може да одговори со создавање на ваков поврзан видео разговор (thread). Корисникот има 30 секунди видео за да го започне разговорот.

Може да барате теми кои ве интересираат или само да се движите низ прашањата и одговорите. Нема специјални филтри или алгоритми управувани од влаидацијата, пренесува PC Press.

Платформата развива нови начини за креаторите на видеата да ги уновчат своите thred - ови, како и можност да пласираат екслузивни содржини кои ќе се наплаќаат.

YurOn апликацијата е достапна за преземење од iOS и Андроид продавницата, а интересно е тоа што им овозможува на корисниците во неа да инвестираат и да поседуваат дел од платформата за само 10 долари.

Извор: telegraf.rs

Можеби ќе ве интересира: