Инстаграм ја тестира опцијата „Profile Song“: Можеби наскоро ќе може да додаде песна на својот профил
Луѓето оваа функција веќе ја споредуваат со легендарната социјална мрежа „Myspace“...
Дали ова е враќање во минатото или иднина на социјалните мрежи? Инстаграм ја тестира новата функција која на корисниците би им овозможила да додадат песна на своите профили.
Индустрискиот инсајдер Александро Палуци прв ја сподели веста на Твитер, веднаш предизвикувајќи носталгични споредувања со „Myspace“. Меѓутоа, оваа функција е „интерен прототип, и не се тестира надворешно“, кажа потпаролката на компанијата Мета, Кристин Паи во изјавата, пренесува „CNET“.
Палуци, кој е познат по откривањето нови функции преку обратното инженерство, твитна принтскрин од екранот на потенцијалната фунцкија и како би изгледала таа и секако, како би функционирала.
#Instagram is working on the ability to add a song to your profile pic.twitter.com/zX2jIlZLzc
— Alessandro Paluzzi (@alex193a) October 17, 2022
Опцијата за песна би се појавила на дното на во опцијата „Биографија“. Користејќи песна од Рик Астли како пример, Палуци покажа каде се прикажува и укажа дкеа не можете да пуштате музика сега, но дека тоа може да се промени во иднина.
Уште во раните 2000-тити, „Myspace“ им дозволуваше на корисниците да одберат музичка позадина за својот профил. Иако Инстаграм не ја претстави оваа фунција на јавноста, платформата додаде музика за Instagram Stories во 2018 година. Можете да одберете помеѓу илјада песни или да додадете некоја од другите апликации, како што е „Spotify“.
фото: freepik.com