Инстаграм на сите им ја активираше новата опција: Лајкнувајте ги сторињата брзо и лесно без испраќање на порака
Сега и вие можете да лајкнувате сториња, без тоа да го види неговиот автор и секако без да испратите директна порака, како досега.
Компанијата Инстаграм вети дека ќе ги стави пораките во својот примарен фокус оваа сезона и тоа е токму темата на една од најзначајните промени досега, иако поголемиот број корисници овие денови најмногу ги преокупираше приказната околу тоа дали Инстаграм ќе се повлече од Европа.
И додека тоа никој не го знам, сторињата на Инстаграм добија измена која ќе им овозможи на креаторите на содржини објавени во рамките на сторињата да им се покаже внимание, без нивниот инбокс да биде претрупан.
Добрата вест е дека лајкот на сторињата пристигна веќе полека пристигнува и кај нас, а веруваме и до сите корисници на оваа апликација и дека може да почнете да ја користите оваа опција.
На многумина инбоксот на Инстаграм им е претрупан со известувања за пораки и дека тој притисок на поединечни автори ќе биде намален, бидејќи реакцијата на сторињата во форма на лајк ќе биде надвор од рамките на директните пораки, а сепак ќе им овозможи на следбениците да реагираат на сторињата и да ја покажат својата поддршка на својот омилен автор.
Иконката срце, т.е. новиот Инстаграм лајк на стори е сместена покрај авиончето на самата објава на сторито и со клик на неа на авторот му се испраќа поддршка без преотоварување на неговиот инбокс.
Известувањето за лајковите ќе се појави само кај креаторот на сторито и тоа во „stories performans“, опција до која никој друг нема пристап. Додавањето на овој лајк почна на 14 февруари и тоа е опција која се активира серверски, т.е. морате да почекате да ви биде додадена, а не зависи од ажурирањето на самата апликација, која во февруари добива нови верзии скоро секојдневно.
фото: Принтскрин