Инстаграм наскоро ќе биде достапен и за децата: Млади до 13 години ќе добијат посебна верзија

Инстаграм наскоро ќе биде достапен и за децата: Млади до 13 години ќе добијат посебна верзија

Информациите до кои дојде „BuzzFeed News“ укажуваат на тоа дека Фејсбук наскоро ќе ја претстави верзијата на Инстаграм која би била наменета за децата помали од 13 години. Наводно биле во можност да ги видат пораките на Вишал Шах, претставникот на производи на Инстаграм, кои им ги упатил вработените и во кои вели дека е во возбуден што може да најави „приближува“ на Инстаграмот до најмладите е на врвот на неговата листа со приоритети. Како што знаете, моменталната политика на Инстаграм е дека оваа социјална мрежа е забранета за употреба на деца под 13 години.

Инстаграм верзијата за млади ќе се фокусира на две работи - на подобрување на интегритетот и приватноста за да се обезбеди најдоброто можно искуство за тинејџерите, како и на изградба на посебна верзија на ИНстаграм, која на децата на возраст до 13 години ќе им овозможи безбеден начин за користење на оваа социјална мрежа.

Овој проект би требало да го води потпретседателот на Инстаграм, Павни Диванџи. Тој работел во „Гугл“, на проекти наменети за деца, како што е Јутјуб Кидс. Се наведува дека проектот е веќе започнат, но дека е во прашање почетната фаза, како и дека Инстаграм уште не донел детален план во врска со ова.


Можеби ќе ве интересира: