Инстаграм повеќе нема да промовира ТикТок видеа: Придржувајте се до новите правила

Инстаграм повеќе нема да промовира ТикТок видеа: Придржувајте се до новите правила

Инстаграм алгоритмите се вечна мака за инфлуенсерите, бидејќи компанијата постојано ги менува правилата во врска со тоа каква содржина промовира. Овој пат, ТикТок е на удар, но тешко е да ги обвините за новите правила што се воведуваат. Имено, станува збор за фактот дека корисниците кои објавуваат содржина на повеќе социјални мрежи ќе бидат санкционирани!

Според „Verge“, најлошото нешто што можете да направите за вашиот профил на Инстаграм е да објавите некое видео на ТикТок, а потоа да го споделите на копијата на Инстаграм наречена Reels!

Исто така, ако објавувате содржина на Reels, Инстаграм наведува дека ќе ги промовира оние видеа што биле снимени во вертикална положба, како и оние што користат песни и звуци од самата апликација. Исто така, предност ќе имаат и оние кои започнуваат тренд поврзан со танц или нешто друго.

Од друга страна, ништо од ова нема да ви помогне ако вашето видео е покриено со текст, квалитетот на сликата е ужасен, има рамка или воден жиг, односно лого. Според Инстаграм, нивното истражување секако покажало дека на корисниците им пречи сето ова.

Секако, Инстаграм исто така сака да го загуши ТикТок на овој начин, односно Reel да не испадне дека е само еден вид бесплатна реклама за ТикТок. Во теорија, ова значи дека повеќе корисници ќе мораат да објавуваат нова содржина на Reels, иако злобните јазици велат дека оваа платформа е толку лоша што и таа нема да и помогне!

За да имате успешни видеа воопшто, треба да создадете забавна и што е можно пооригинална содржина што ќе биде интересна за луѓето ширум планетата. Другата работа е факторот на среќа, затоа што на едно супешно видео доаѓаат илјадници неуспешни, кои се барем со еднаков квалитет или уште подобри. Затоа, не треба да се разочарувате ако нешто во што сте вложиле многу труд не привлече повеќе внимание. Секоја sвезда ќе ви го каже тоа, и повеќето се искрени во врска со тоа - за да бидете успешни во нешто, треба да уживате во тоа. Ако парите и популарноста се целта, брзо ќе се разочарате!

Дали воопшто користите Reels и дали ги почитувате сите овие правила?


Можеби ќе ве интересира: