Инстаграм повторно прави нов експеримент поврзан со лајковите: Што испробуваат сега?
Пред некое време Инстаграм одлучи дека би било паметно да го сокрие бројот на лајкови...
Но, тоа не им се случи на сите корисници. Па така, некои сега не го гледаат бројот на лајкови на туѓите објави, а други го гледаат. Овие денови од Инстаграм започнаа со нов експеримент и тој повторно има врска со лајковите.
Кај некои оваа новина веќе пристигна, а другите допрва треба да ја добијат, а некои можеби нема ни да ја добијат. Ескпериментирањето кое го спроведува Инстаграм не ги вклучува секогаш сите корисници и особено не во исто време. Пред две години сфатија дека лајковие и нивниот број на објавите негативно влијае на луѓето и нивното ментално здравје и започнаа експеримент преку кој започнаа да ги сокриваат. Па така сокрија бројот на лајкови за да се спречи анализирањето на туѓите објави. Во овој експеримент не беа вклучени сите, а некои денес сѐ уште го гледаат бројот на лајкови, исто како и порано.
Сега повторно испробуваат нешто ново. По овој новитет, корисниците сами ќе одберат дали сакаат да ги гледаат лајковите на објавите. На овој начин оние кои ќе посакаат ќе може да го исклучат тоа, како на туѓите, така и на своите објави, а доколку не сакаат, ќе може да ги гледаат. Сево ова се прави за да се стави фокусот на содржината која се споделува, а не на бројот на лајкови.
Оваа опција може да се најде во „Поставки“ и ќе може да се применува во секое време. Доколку сѐ уште не ти дојде известување од Инстаграм, веројатно наскоро ќе го добиеш.
фото: Kicking Studio / Shutterstock