Инстаграм повторно се обидува да воведе нов додаток: Луѓето повторно го одбиваат
Дали веќе го добивте овој новитет?
Секоја новост која се обидува да ја воведе е лоша идеја. Последните неколку „апдејти“ на апликацијата и изгледот кои Инстаграм се обидува да ги воведе и со тоа да направи мали измени, не беа пречекани со воодушевување од страна на корисниците.
Дали Инстаграм има лоши идеи или луѓето кои го користитат не сакаат промени? Кога и да се обидат со нешто ново, тоа завршува со навреди. Воведувањето на промени на Инстаграм оди постепено, не им се појавува на сите одеднаш, па така некои веќе ја имаат последната новина, а други не. Станува збор за промената на „Suggested Posts“. Кога скролаш на почетната најпрво ќе ги имаш објавите на луѓето кои ги следиш, а кога ќе ги прегледаш сите, туку нема да биде крајот, туку Инстаграм ќе ти додава објави кои ти ги препорачува со оглед на она што го следиш и лајкуваш. Секако, тоа ќе бидат објави од корисници кои не ги следиш. Всушност ова е истото што го имаш кога одиш на опцијата пребарување. „Suggested Posts“ додатокот би бил поинаков само по тоа што би бил уште малку поприлагоден на тебе.
И додека Инстаграм смета дека ова е супер и дека почетната на луѓето ќе им биде поинтересна, корисниците не се служуваат со тоа. Реакциите со кои го преплавија интернетот се горе - долу идентични.
Instagram, if I wanted to see suggested posts, I'll go to the explore page where suggested posts belong. DO NOT SCREW WITH MY FEED.
— Ryan Kang (@rkangphoto) August 19, 2020
.@instagram forcing suggested posts onto my home feed then shoving my actual feed into an “older posts” tab?? you already run ads every 4 posts & don’t update based on a timeline so i miss a lot of content that i WANT to see. keep your explore page to yourself. leave me alone.
— sierra (@sierracanbe) August 19, 2020
What have Instagram done to their app? I don't want suggested posts on my home page from people I don't follow... That's what the discover tab is for. Completely unnecessary update that no one actually wants
— Ben (@ben_orr_98) August 19, 2020
Оваа опција нема да може да исклучи или сокрие.