Инстаграм профил кој стана сензација преку ноќ: Четири сестри во исти комбинации од прифатливи брендови на кои сите им се воодушевуваат
Инстаграм профилот на сестрите за кратко време стана вирален на социјалните мрежи...
На Инстаграм често сме сведоци на појавата на профили кои преку ноќ успеваат да станат сензација. Водечкото место на оваа платформа го имаат модните инфлуенсери, на кои најмногу им се исплатеше популарноста на Инстаграм, но факт е дека нивните профили често личат еден на друг.
Сепак, профилот на четирите сестри кои ја делат љубовта кон модата за кратко време собра солиден број на следбеници и стана број еден профил помеѓу вљубениците во поинаквите и оригинални работи.
За само неколку месеци, профилот @thanks_its_my_sisters успеа да го привлече вниманието на модната заедница на Инстаграм.
Главната визија на овие четири сестри е да го покажат својот стил и да му послужи на некој како инспирација. Поради тоа својот идентитет го ставаат во втор план, што јасно дале до знаење криејќи го лицето со телефонот, а вниманието го привлекуваат со своите кул модни комбинации.
Нивниот профил, го започнаа на почетокот на минатата година, денес има скоро 18.000 следбеници, а скоро секојдневно објавуваат фотографии од своите скоро идентични комбинации во знакот на пристапни „high street“ брендови.
Сите четири сестри не се фотографираат секогаш заедно, но без оглед на тоа не отстапуваат од комбинацијата на вредните промени кои може да ги видите во продолжение: