Инстаграм се менува: Еве како ќе изгледа новата верзија!
Деновиве најпоуларната социјална мрежа добива
ново руво! На блогот на Инстаграм најавуваат дека во
периодот на ноември и декември ќе започнат да го испробуваат новиот изглед – профилната
фотографија би била поместена во десниот агол, името ќе биде напишано со
поголем фонт и тоа на врвот на страницата, а бројот на објавите ќе биде тргнат
од насловната страница.
Иако ова не се некои големи промени, кај некои корисници веќе се појавија и тотално ги збунија – ако си еден од нив, не грижи се не ти е хакнат профилот!
„Работевме на овие промени и ќе ги тестираме низ неколку фази и во различни комбинации во нашата заедница во следните неколку недели. Ќе продолжиме со експериментот и ќе правиме промени според вашите реакции“, стои во објавата.
Промени може да се очекуваат и во изгледот и положбата на иконите, начинот на менување табови и слично. Целта е да им се овозможи на корисниците полесно користење на апликацијата.