Инстаграм со нова опција: Скролајте по објавите заедно со пријателите
Ќе ја користите ли оваа опција заедно со твоите најдобри пријатели?
За голем број луѓе, социјалното дистанцирање донесе многу големи промени во начинот на животот. Од честото читање, гледање телевизија, па се до совладување на разни нови апликации и потпирање во голема мера на апликациите за допишување, за да се одржи контактот со пријателите.
За жал, повеќе нема дружење со пријателите во живо и скролањето по Инстаграм. На многумина тоа им е едно од најдрагите хобија кое пред глобалната пандемија одземаше голем дел од времето. Но сега, Инстаграм воведе нова опција која овозможува корисниците да го прават тоа на далечина.
Co-watching ви овозможува гледање на Инстаграм објавите со пријателите преку видео чет на Инстаграм. Во тоа влегуваат сите зачувани, допаднати и предложени фотографии и видеа. За да си ја овозможите оваа опција, кликнете на иконата за видео во постојната нишка во „ДМ“ или кликнете на знакот плус на врвот на горниот дел од вашето директно сандаче. На тој начин можете да создадете група за разговор и оттаму да кликнете на иконата видео. Потоа допрете ја иконата за фотограгијата во долниот лев кош на видео разговорот за да ги прикажете објавите кои можете да ги гледате заедно како група.
Можеби сте го забележале и новото копче Stay Home, кој е фиксирано на горниот лев дел од вашите Инстаграм сториња. Ги спојува сите сториња на луѓето кои ги следите, а кои исто така ја користат налепницата „Stay Home“ за да документираат како го поминуваат времето додека практикуваат социјална дистанца.
Освен што водедува нови опции кои им помагаат на корисниците да го одржат чувството на поврзаност додека се во изолација, Инстаграм додава и алатки кои ќе ни помогнат да се информираме за точните факти за КОВИД-19. За да се намали циркулацијата на дезинформации, Инстаграм објави дека ќе ја отстранува содржината поврзана со коронавирусот која не е објавена од некоја веродостојна здравствена организација. Инстаграм исто така забрани и огласи и спонзорирани содржини за производи кои тврдат дека ги штитат луѓето од коронавирусот, како за медициските продукти, како маски за лице.